Владата троши на патувања и репрезентации во услови на криза – обвини денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време гостувањето на Македонската радио телевизија. Тој посочи дека додека власта бара кратење на платите на државната и јавната администрација, истите за само 4 дена потрошила дури 8 милиони денари за патувања, репрезентации и ручеци во најголемата криза со корона вирусот.

-Од една страна трошат 8 милиони денари за 4 дена, помеѓу 17 и 20 март за репрезентации и за патувања во странство, а од друга страна ни велат ќе покриваме аражмани на туристички агенции и ќе кратиме плати во администрацијата, на што личи тоа? Зар они мислат дека за овие две недели од што не се симнуваат од прес конференции народот ќе им ги заборави овие три години. Нека не се лажат, дециден е Мицкоски.

Со слично обвинување денеска излезе и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев:

Додека речиси секој во државата се обидува да придонеси за надминување на ситуацијата со корона вирусот, владата е фатена во нов скандал. И покрај тоа што има забрана за патување во странство, во екот на пандемијата со корона вирус, во перидот од 17-20 март оваа година, Шекеринск преку Министерството за одбрана потрошила 1 милион и речиси 43 илјади денари за за патувања. Во истиот овој период, за само 4 дена за репрезентација, ручеци и ресторани, мнинистерството за одбрана со кое раководи Шекеринска потрошило дополнително речиси 362 илјади денари – обвини на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев

Тој посочи дека додека македонските доктори немаат маски, немаат респиратори, министерството со кое раководи Шекеринска тие пари ги троши на патувања и ручеци.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска демантираше:

-Најдиректно ја демантирам лагата која е јасно дека е лага дури на секој граѓанин кој ќе врзе два со два. Лага е дека било кој, а особено јас изминатава недела замислете сум била на службени патувања и сум ги трошела државните пари на патувања и репрезентации. Тоа е истава недела кога скопскиот аеродром во главно беше затворен. Тоа е истата недела кога секој добронамерен па дури и злонамерен граѓанин кој ќе седне на ФБ и кликне, ќе види дека јас како и сите други колеги сум секој ден присутна на Главен штаб и на владина седница, рече Шекеринска.

Додаде дека токму овој период, изминатиот четврток во Министерството за одбрана донела одлука со решение да се укинат сите репрезентации за целото Министерството вклучително и нејзе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.