Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 249.

Како што информираат од Министерството за здравство, во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани три нови пациенти поради компликации од Ковид-19. Вкупно 100 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, а 148 во другиот дел од земјата.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало два примени пациенти и еден бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 17 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 35 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 48
пациенти.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 17 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има пет пациенти, во Велес се лекуваат 12 болни, а во Куманово 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 24 пациенти, во Прилеп девет, во ковид-центарот во Гостивар еден, а во Струга 10 болен.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани три во Кичево седум, Кавадарци три, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.