Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин жестоко му одговори на претседателот Стево Пендаровски, на неговото противење на идејата за корекција на границите меѓу Белград и Приштина.

Македонскиот претседател запрашан за прашањето меѓу Србија и Косово, рече дека „е против идејата за корекции на границите меѓу двете земји“. Пендаровски смета дека тоа би имало штетни последици на регионот и дека би се загорзил целиот напредок кој е остварен во последните 20 години.

Вулин му врати со жестока реакција.

Пендаровски во Македонија малку кој го прашува за што било, а уште помалку е важно што тој мисли за прашањата поврзани со соседните држави. Како Србија ќе ги решава проблемите на Косово и Метохија, одлучува Србија, а Пендаровски ниту некој ќе го праша, ниту пак ќе бара негово мислење, Може слободно да молчи на јазикот, кој никој не му го признава освен Србија, а на останатите јазици може уште погласно да молчи затоа што никој ниту бара, ниту му го прифаќа мислењето, истакна Вулин.

Српскиот министер за одбрана осторо му порача на Пендаровски дека слободно може да молчи на јазикот кој никој освен Србија не го признава.

На останатите јазици може уште погласно да молчи, никој нему го бара, ниту пак го прифаќа неговото мислење, жестоко одговара Вулин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.