Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утре ќе престојува во Скопје на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски, потврди неговиот кабинет.

Веднаш по победата на Пендаровски на претседателските избори, српскиот претседател му упати честитка по повод изборот на Пендаровски.

Ви го честитам изборот за претседател на Северна Македонија, со желби за успех на одговорната должност. Се надевам дека во иднина ќе воспоставиме добра соработка. Очекувам особено да ја потикнеме соработката во областа на економијата, како и во сите други области од заеднички интерес, а во корист на граѓаните на нашите две земји, пишува во честитката на Вучиќ до Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.