По лидерската средба која се одржа во Охрид меѓу лидерите на Западен Балкан. Се случи и пресконференција на која пред новинарите беше презентирано за што се зборувале балканските лидери. На истата беа дозволени и прашања од претставниците на седмата сила се со цел да се дознаат ставовите на Вучиќ, Рама, Заев, Звиздиќ и Секулиќ.

На прашањето поставено на пресконференцијата што понатаму после ветото од Франција за преговори за членство во ЕУ, Заев рече дека нашата држава нема друга алтернатива освен да стане членка на ЕУ. На ова претседателот на Србија му реплицираше и рече дека нема намера по сто пати да повторува како папагал дека Србија нема друга алтернатива за да биде членка на ЕУ, туку дека тоа не зависи само од нив, туку зависи и од волјата на ЕУ.

Нема да му се правдам никому за нешто за што ми е чиста совеста, потенцираше Вучиќ, нема да молам никого за ништо. Ние бараме од ЕУ само да ни кажа што сака од нас, ништо повеќе. Важно е да слушнеме што мислат, а и да побараме поддршка за овој проект, истакна Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.