Претседателот на Србија Александар Вучиќ вели дека нема да биде изненадување ако Хрватска и го прави на Србија она што сега и го прави Бугарија на Македонија.

Секој секого може да блокира.Секогаш некој нешто ќе смисли-вели Вучиќ за „Република“.

Тој објасни дека Србија го сака македонскиот народ, ја почитуваат државата и не бараат ништо за возврат.

Мораме да се претставуваме како единствен блок колку што тоа е можно и покрај нашите разлики и така да настапуваме пред ЕУ. Секогаш на форумите говорам дека Србија го признава македонскиот јазик и територија како и Црквата и немаме таков проблем. Ќе продолжиме да водиме таква политика – објасни Вучиќ на прашањето на „Република“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.