Второто полугодие во основните и средните училишта кое почнува на 21 јануари ќе продолжи со физчко присуство за учениците од прво до трето одделение, и онлајн настава за погорните одделенија, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

И наставниците се прилагодија на новиот систем и останува засега тој став. Доколку има радикална промена, секако дека ќе се разгледува со Комисијата за заразни болести и со Министерството за здравство. Засега остануваме на овој став, продолжува наставата на ист начин, изјави Царовска.

Таа денеска беше во посетата на Ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Царовска денес одржала онлајн состанок со директорите на основните и средните училишта од целата држава во врска со спроведувањето на наставата во првото полугодие од учебната 2020/2021 година. На состанокот, директорите на училиштата истакнале дека иако на почетокот на училишната година отпорот кон онлајн наставата беше голем, сепак хибридниот модел ги даде посакуваните резултати во вонредни околности во какви што се работеше изминатите месеци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.