Вториот сомнителен случај на мајмануски сипаници во Македонија е сместен на скопската Инфективна клиника, дознава Алфа од свои извори во болницата. Пациентот со симптоми е мигрант кој што учествувал во сообраќајната незгода која што се случи вчера попладне, на автопатот Гевгелија – Демир Капија. Сомнителниот случај заедно со уште 48 други мигранти патувал кон границата со соседна Србија, со што најверајтно и тие биле изложени на заразната болест.

За првиот сомнителен пациент на мајмунски сипаници, за кој објави Алфа во вторникот вечерта, се уште се чекаат резултати. Во текот на вчерашниот ден требаше епидемиолошки тим да спроведе епидемиолошка анкета и да ги земе потребните материјали, да се испратат во Институтот за јавно здравје во Скопје, каде има услови да бидат направени тестирањата и анализите за присуство на мајмунски сипаници.

Алфа се уште чека потврда од Министерството за здравство за вториот сомнителен случај, мигрантот, на мајмунски сипаници, и дали во текот на вчерашниот ден пристигнале материјалите за тестирање на првиот, 43-годишниот кичевчанец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.