Да го славиш денес денот кога се родила Р. МАКЕДОНИЈА е слично ко да го славиш 29 ноември денот кога се роди СФР Југославија.
И едната и другата не постојат, пишува на Фејсбук актерот Сашо Тасевски.

Југославија целосно е збришана, а од Македонија остана само празен збор на кој го изгубивме ексклузивитетот, откако сами го урнавме темелот на кој таа беше создадена во 1944, дека е држава на македонскиот народ, круна на неговиот сон за слобода и независност.
Денес групата велепредавници, кои ја продадоа асномска Македонија како и нејзиниот наследник, онаа Македонија од 1991 година за да дојдат на власт, го слават токму раѓањето на наследничката.
Тоа е врвен цинизам од кој треба на сите да ни се збурбати во стомакот. Се гоштеваат од нејзината мрша. Од остатоците на бисерот кој толку лесно им го фрлија на балканските крокодили да го распарчат.
Да бевме добри за тој бисер, да го заслуживме, немаше да дојде до ова што го имаме денес.
Да бевме добри, веројатно многу работи ќе ги решевме поинаку во 1991, а потоа и во 2001
Да бевме добри за него, а, сепак да го загубевме на измама од наивност, денес веројатно ќе се случеше оружен преврат, подготвуван долго и во тајност, некаде надвор но и внатре.
Ние одбравме да бидеме млаки цели триесет години. Ова е цената на таа млакост.
Се покажа дека во клучните мигови кога се решавала иднината на онаа од 1991 Р. МАКЕДОНИЈА, на власт биле странски платеници, врбувани од соседни земји или кои работеле за нив и од ќеф. Затоа што биле нивни луѓе и непријатели на секоја идеја за независна Македонија.
Тие победија и тие денес слават во Собрание, цинично, со потсмев и презир кон нас млаките.
Што да си честитаме?
Кому?
Зошто?
Треба сите да се срамиме што дозволивме да ни украдат цела држава пред нос, пишува Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.