Додека Либерално-демократската партија бележи најлоши резултати откако е формирана, претседателот Горан Милевски место за паријата работи за фамилијата, обвинуваат негови сопартијци. Велат дека лидерот Милевски од позицијата министер влијаел и успеал да ја вработи сопругата на Клиника, баџанакот го назначил за директор на државната Лотарија, а членува и во Управниот одбор на Агенцијата за пошти додека неговата сопруга е вработена во Државниот испитен центар, братучедот го вработил во Државната видео лотарија, кумашинот во Идризово, а кумашинката си ја зел во неговиот кабинет во Министерството за локална самоуправа.

Резултатите на ЛДП ги нема, но затоа Горан Милевски покрај своето загарантирано министерско место, го има вработено речиси цело потесно семејство во државни институции, без никакви консултации ниту со членството, ниту пак со согласност на партиските органи. Членовите на партиските органи на Либерално демократската партија, Централниот одбор и Извршниот одбор, веќе извесно време бараат одговорност од Милевски и за моменталната состојба на партијата, како и за личниот дебакл на локалните избори во Битола, но одговори нема, обвинуваат сопартијци на Милевски.

Милевски за А1он ги демантирал ваквите обвинувања, тврдејќи дека некој погрешно брифира и дека тој никого никаде нема вработено.

Целата изјава на Милевски на А1он.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.