Врховен судија е заблен од корона, тврдат извори од судот. Според информациите до кои дојде „Репубика“ се работи за нвоизбран судија, кој на 16 март давал заклетва пред претседателот и членовите на Судскиот совет, заедно со уште тројца други судии кои биле избрани во февруари годинава. Новиот врховен судија, кој претходно бил судија Апелацискиот суд Скопје бил на работа, се сретнувал со судии, со членовите на Советот, со адвокати во судот.

„Република“ се обиде да добие одговор од министерот за здравств, Венко Филипче, дали оваа информација е точна. За таа цел вчера испративме прашање:

Дали вториот заболен од Ковид19 од Тетово е судија во Врховен суд, кој на 16 март давал заклетва пред членовите на Судскиот совет, заедно со уште неколку други судии? Потоа неколку дена одел и на работа во Врховен Суд?

Министерот Филипче не ја демантираше ваквата информација, даде одговор дека ќе има активнсти во овие институции:

Ќе има активности службата за епидемологија, Центарот за јавно здравје во Скопје согласно податоците, согласно информациите, меѓудругото и во овие институции, почувајќи од следната недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.