Што му се случи на претседателот Ѓорге Иванов? Од една личност која зрачеше со храброст и решителност на крајот на својот мандат да се претвори во исплашен човек? Дури и граѓаните кои не го сакаат и респектираат се уште не веруваат дека Иванов до толку се променил па ќе остане без решителна акција за запирање на прогонот на повеќемина загрозени заради политички мотиви и цели – коментираат граѓани кои очекуваат дека за време на својот мандат Иванов ќе превземеше чекори за да ја запре, како што велат, неправдата која се нанесе со пресудата за 27 Април.

Тие велат: Замислете врховен командант кој гледа само за себе а не и за неправедно загрозените? Врховен командант кој го врти грбот и ги остава „ранетите“. До неодамна никој не би кажал дека тоа може да биде Ѓорѓе Иванов.

СДСМ одбра да владее со терор, беззаконие, втерување страв, пресметка со неистомислениците, нелогични пресуди, селективна правда, сурови апсења, неправедни затворања. Тепање на затворените. И тоа е нивни избор, за кој веројатно еден ден ќе платат висока цена. Но,револтираните запрашуваат што му се случи на претседателот Иванов за да тој „занеме и се вкочани“ пред ова сурово владеење, а баш нему уставот му одредил без страв и предрасуди да решава вакви ситуации со прекин на политичкиот прогон?

Политиката е како кујна. Кој не е може да издржи топлина, не треба да влегува во кујната, вели една англиска поговорка. Иванов е во кујната 10 години, а според оние кои не се согласуваат со неговото молчење, тој сега демонстрира однос кој се чини, ако вака остане, јасно говори дека тој има проблем со „топлината“.

Наместо да ја искористи уставната и законска надлежност и да ги прекине политичките прогони врз луѓето и да замине како храбар воин и чесен патриот, Иванов се чини, на крајот срамно крахира. Може и мисли дека оваа неславна епизода брзо ќе се заборави. Се лаже. Спротивно. Се друго што направил ќе се заборави. Само ова ќе се памети. Силен и одлучен претседател, дури и да има реална закана, ќе ризикува за да го задржи угледот и честа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.