Реален проблем со кој се соочуваат обвинителите во СЈО е тоа што нивниот раководител е разрешен, па нема кој да ги одјави од институцијата за да можат да бидат пријавени на работните места каде што сега се вратиле, пишува Дојче веле.

Без потпис од Јанева тие формално не можат да бидат одјавени од СЈО. Се надеваат дека во ваква ситуација, Советот на јавни обвинители ќе најде решение со кое ова би можело да се регулира. Овој проблем го немаат истражителите кои досега платата ја примале од МВР, УЈП или Финансиската полиција каде што биле вработени, а од СЈО добивале само надоместоци.

Најголемиот проблем го имаат другите вработени во СЈО – стручни соработници, советници, ИТ експерти, записничари, архивари, доставувач, хаусмајстор и други, чии договори за работа не се истечени.

Тие за овој месец не можат да земат плата. Нема кој да потпише. Дури и да сакаат да си заминат, да си дадат отказ, нема кој да им го потпише отказното решение. Се работи за околу 50 лица кои навистина се во незавидна ситуација – објаснуваат соговорниците на Дојче веле.


Извор Дојче веле

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.