Студентите и професорите од Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска излегоа на протест.

На протестот и професорите и студентите ги изложија своите забелешки во поглед на немањето на соодветни услови за квалитетно спроведување на наставната програма.

Условите за работа и за студирање во последните години стануваат сè полоши и го доведуваат во прашање нормалното реализирање на високообразовната и научноистражувачката дејност. Институтот за хемија се гордее со своето реноме во овие сфери, што е потврдено со сите параметри за оцена на овие достигнувања, но тоа во последниве години е неодржливо поради немање неопходни човечки и материјални услови за реализација на наставата и научните истражувања – велат од Институтот.

Институтот како дел од ПМФ е дел од универзитетот Свети Кирил и Методиј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.