Oд 20 април вработените во Службата за општи и заеднички работи во македонската Влада почнаа да работат во две смени. Причината за тоа е пандемијата. Предоцна, велат вработените во СОЗР. Пред една недела нивен колега починал како последица од ковид-19.

Вработени во СОЗР ја информираа редакцијата на МКД.мк дека веќе подолго време укажувале на лошото менаџирање во Службата за општи и заеднички служби на Владата, дека веќе подолго време бараат да се преземат мерки, да се воведе ротирачко работно време, да се намали присуството на бројот на вработените по канцелариите, каде најчесто биле по петмина…

Апелиравме, се обидувавме да укажеме на опасностите, на можните кластери, шесмина од вработените беа заразени, но одговорот на раководните лица секогаш беше дека мора да се работи, дека имаат премногу работа, дека нема кој да работи… Не се дозволуваше да се оди во изолација, условите стануваа сѐ понехумани и, за жал се случи најстрашното. Почина наш колега, еден од најдобрите и најисполнителни државни службеници кој целата своја кариера ја посвети на развојот и напредокот на службата, ни изјавија вработени во СОЗР.


Целиот текст ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.