Вработени во Државниот пазарен инспекторат, како и инспектори, се во шок по изјавата на премиерот Зоран Заев дека ќе покрене постапка за разрешување на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, од владините служби кои се за тоа задолжени

Тие бараат итно средба со премиерот Зоран Заев, на која ќе побараат од него да ја преиспита ваквата своја најава за смена на Пауновски.

Тие се револтирани од ваквите најави, а според нашите информации, дел од вработените во ДПИ од регионалните одделенија на Инспекторатот, веќе се тргнати кон Скопје, со цел да го искажат својот револт и несогласување со ваквата најава.

Според Фактор мк, инспекторите веќе почнале да потпишуваат и петиција, со која бараат да се преиспита ваквата најава за разрешување на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.