Сведок во случајот „ТНТ“, кој бил вработен во компанијата „ФИНЕ“, на денешното рочиште пред судот рече дека тој заедно со основачот на компанијата Фијат Цаноски и одговорниот за надзор, одлучиле да се измени котата на приземјето на станбено-деловниот комплекс „Космос“, поточно истиот да се подигне за едно ниво. Како поткрепа на изјавата од сведокот Владимир Гаговски одбраната презентираше и доказ.

Со ова, самиот вработен во „ФИНЕ“ потврди дека објектот „Космос“ бил подигнат за едно ниво и дека целиот објект е граден спротивно на одобрението за градење.

Цаноски за овој случај бара оштета од државата во висина од 58,8 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.