Вака изгледа влезната врата од домот на пратеникот Љупчо Димовски, поранешен министер за земјоделство, кој во петокот беше приведен.

Сабота сабајле, 02.02.19.
Полицијата и Алфите на овој начин влегле во домот на пратеникот Љупчо Димовски!?
Во кој филм се ове, бе?, коментира Миленко Неделковски.

Димовски, кој во петокот се уште го имаше пратеничкиот имунитет, за „Република“ потврди дека навистина станува збор за неговата влезна врата. Во моментот кога го контактиравме, во неговиот дом мајсторите ја поправаа штетата.

Веројатно сметале дека е така најсоодветно да ме приведат, вели Димовски, не сакајќи многу да го коментира вознемирувачкиот настан.

На Димовски во саботата под итна постапка му беше одземен пратеничкиот имунитет. Со пет гласа „за“ и четири „против“, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања го прифати барањето за одобрување притвор за пратеникот Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд, и му предлага на Собранието на Република Македонија да го одобри.

Опозицијата остро реагираше дека ова е веќе осми пат како власта бара симнување на имунитет на пратеник од опозиција, а во случајот на Димовски тоа е одмазда зошто не гласал за промена на уставот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.