Возила се заглавени меѓу граничните премини на Унгарија и Србија кај Суботица. Дел од нив се македонски граѓани кои се обидуваат да се вратат во Македонија. Јавувајќи се во живо од границата, македонските граѓанин во вонредната емисија за коронавирусот на „Алфа“ се пожали дека најверојатно вечерва ќе останат таму, затоа што и двете граници се затворени за нив. Според него се работи за околу 200 возила.

Како што сподели, меѓу оние што се обидуваат да се вратат дома се и семејства со млади деца, а температурите веќе се приближуваат кон нулата. Додаде дека дел од нив побарале помош од Министерството за надворешни работи, од каде ги известиле дека се запонзаени со случајот и работат ситуацијата брзо да се реши.

Во Србија вечерва беше прогласена и вонредна состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.