Според податоците од анкетниот лист, кој новиот в.д. претседател на Врховниот суд го доставил до Државната комисија за спречување корупција, Фаик Арслани вози „фолксваген пасат“ вреден околу 22 илјади евра.

Врховниот судија под личен имот има наведено и стан од 40 м2 во Гостивар, кој го дава на користење, девизна штедна книшка со 5.000 американски долари и кредит од 100 илјади евра подигнат во 2017 година. Од побарувања, пријавил 490.000 денари како побарување по основ на извршена работа.

На името на брачниот другар, Арслани пријавил неколку земјишни поседи кои се наоѓаат во Гостивар, Тетово и Добридол, а на исто име се наоѓаат и два деловни простори во Скопје и Гостивар.

Арскани за в.д. претседател на Врховниот суд беше избран вчера, веднаш по разрешувањето на Јово Вангеловски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.