Возачот на автобусот на „Дурмо турс“ помина со полесни телесни повреди, а како што информираше министерот за здравство, Венко Филипче, тој е пуштен на домашно лекување.

Премиерот Заев при посетата на повредените во ГОБ 8 Септември рече дека истрагата сѐ уште трае, а вчера се направени разговори со возачот, кој цело време бил во свесна состојба.

Се очекуваат резултати и од вештачењето на техничката исправност на автобусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.