Венко Филипче и Комисијата за заразни болести веднаш да донесат мерки за спречување на ширење на новиот делта сој на ковид вирусот, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека не смееме да дозволиме повторување на ситуацијата со вториот и третиот бран, каде што имавме по илјадници заразени граѓани на ден и по десетици починати заради неспособноста на Венко Филипче.

За да се спречи повторен голем бран на ковид-19 потребно е преземање на итни мерки, а не секојдневни празни флоскули од најнеспособниот министер Филипче. Што поскоро властите треба да спроведат мерки за да може уште на почеток да се изолира и блокира вирусот се со цел да не дојде повторно до нов голем бран и голем број на новозаразени, а со тоа и до повторно оптеретување на здравствениот систем. Комисијата за заразни болести веднаш да донесе мерка за тестирање со брзи тестови на границите за влез во Македонија, на сите луѓе кои доаѓаат од ризичните подрачја и да се донесе мерка за задолжителна домашна изолација на овие луѓе, се вели во соопштението.

Ништо од долгонајавуваната масовна вакцинација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со месеци неспособниот Филипче се фали со купување на вакцини, но се што видовме од ветената масовна имунизација е само вакцини од донации, едно неделна прекината вакцинација и колони на наши сограѓани како се вакцинираат во соседството. Потребно е забрзување со вакцинацијата во Македонија и системски план за потикнување за вакцинирање на граѓаните. Време е да се стави крај на лагите на неспособнот Филипче. Време е за Македонија за сите луѓе, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.