Вонредна и „убава“ вест! Конечно по изминување на извесен период „пристигнати“ се новите комплети на униформа за припадниците на македонската полиција, со сарказам коментираат од Синдикатот на полицијата во Македонија на фотографија на која се гледа полициска службеничка во патики наместо чизми, поради недостатокот на полициски униформи и опрема кој долго време е голем проблем за македонските полициски службеници.

Од вчера започнато е со распределба на нови патики од типот „nike“ модел „аir мax“ и истите веднаш се распределени на сите припадници на униформираната полиција, па така сега припадниците на македонската полиција ќе имаат можност своите службени обврски да ги извршуваат опремени со еден од најсовремените светски брендови. НЕКА Е НА ЗДРАВЈЕ! Како што дознаваме официјалната прослава по овој повод е во завршна фаза каде на самата се повикани целиот државен врв во Република Македонија, амбасадори како и претседатели на држави, ЕУ, НАТО…
Во најкус временски период се очекува промена на Правилникот за носење на службена униформа, со што се отвара можност униформираната македонска полиција наскоро да биде опремена со нови „nike“ капчиња, нови „nike“ поло мајци и слично. Создаваме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА што значи дека автоматски имаме БЕЗБЕДНИ ГРАЃАНИ, пишуваат од СПМ.

За жал, додаваат, ова не е точно.

Имајќи ја предвид состојбата во која што денеска се наоѓа македонскиот полицаец, ова е само жално и трагично! Македонскиот полицаец како никогаш досега е соочен со недостиг на делови од униформа и опрема, а во одредени случаи и со недостиг на комплет униформа, па истите се приморани своите работни задачи да ги извршуваат снаоѓајќи се по принципот „кој како знае и може“, односно од лични средства кои што и онака се сведени на просечниот минималец, се купуваат обувки и делови од гардероба кои што можат да се носат како во приватниот живот, така и на работа како дел од службена униформа или пак со лични средства по приватни шнајдери се шијат делови од униформа или цел копмплет на униформа! Жално и трагично е како денсека изгледа македонскиот полицаец, кој што претставува лице и огледало на државата во јавноста и во светот! По кој знае кој пат,како Синдикат на полицијата во Македонија – СПМ, реагираме и упатуваме јавно Барање до Министерство за внатрешни работи и до министерот Оливер Спасовски да го напуштат принципот „дрскиот популизам со евтина пропаганда“ во кој што најверојатно ни тие самите не веруваат и кој што имаат за навика јавно да го практикуваат сите овие години наназад и конечно да запознат реално да ги согледуваат и решаваат проблемите на македоскиот полицаец и ВЕДНАШ да набават нови комплети на униформа и со истите да ги опремат сите полициски службеници .
Вака Господине Спасовски имате СЕ, само НЕ ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА, му порачаа од СПМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.