фицијалниот и конечен предлог на француското претседателство со ЕУ ќе биде на дневниот ред на итно закажаната седница на македонската влада која ќе се одржи во 20 часот и 15 минути. Веднаш по почетокот на седницата на јавноста ќе и се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

Од Владата соопштија дека ќе стартуваат консултации со сите политички и општествени чинители, по што ќе биде изграден државен став во однос на предлогот.

 

Во исто време, заседава и Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тема на дискусија е каков да биде ставот на партијата во однос на новонастанатата ситуација. Во 21 часот, пред партиското седиште, позициите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти претседателот Христијан Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.