Во Влада се одржува вонреден состанок по неофицијалните сознанија дека бројката на новозаразени изнесува повеќе од 100 лица од кои 59 се од Скопје.

Најголем проблем претставува што граѓаните одбиваат да одговорат на епидемиолошките анкети.

Имено според информации на „Сител“ на состанокот ќе присуствуваат Министерот Венко Филипче, Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев и Вицепремиерот Бујар Османи.

Иако беше најавено за утре, можно е и денеска да се знае дали ќе има заострени мерки за време на викендот и дали ќе бидат затворени неколку општини каде има најмногу заболени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.