Државниот инспекторат за труд вчера извршил вонреден инспекциски надзор во Собранието на Македонија. Притоа, не констатирал никакви неправилности и оценил дека мерките предвидени со регулатива за заштита од КОВИД-19 се во целост обезбедени.

Како што соопшти Инспекторатот, увид бил направен во работните простории на Собранието, канцелариите, салите, ходниците, лифтовите, помошните простории, влезовите и излезите.

Вонредниот надзор е извршен во врска со спроведување на мерките, протоколите и препораките за превенција од Ковид 19 донесени од страна на Владата, Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.Весник. на РМ бр.66/04; 139/08; 99/09;149/14;150/15;37/16); Законот за измени и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести Сл.Весник. бр. 257/20) и Одлуката за превентивни мерки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивната примена (Сл.в. на РСМ бр. 263 од 04.11.2020 година, Протоколот за превентивните мерки за сите работни места-Прилог 1 од Одлуката.

При надзорот извршен на ден 19.04.2021 година не се констатирани неправилности. Мерките предвидени со наведената регулатива се во целост обезбедени од страна на Собранието на Македонија, наведува Државниот инспекторат за труд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.