Во гарнизоните на АРМ е дадена наредба да се извади името Македонија од униформите на војниците – тврдат извори од АРМ. Според информациите до кои дојде Република, минатата недела, по читана наредба на утринската смотра, низ гарнизоните е наредено да се отстрани натписот „Македонија“ кој се наоѓа на левата страна од униформите на војниците.

– Реформите на Радмила Шекеринска се гледаат на дело. Откако беше наредено да се отстрани името Македонија, беше посочено дека доколку не се почитуван наредбата ќе следува парична казна, како и други казнени мерки. Но ова не беше доволно. Откако дел од војниците одбија да ја почитуваат наредбата и не го отстранија натписот, кој е всушност лепенка – чичак трака, следуваше уште една мерка – отстранување на чичак траката од самата униформа со цел војниците да не можат повеќе да ја вратат лепенката со името „Македонија“ на своите униформи – вели изворот на Република.

На 3 јули претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски ја потпиша уредбата за ознаките на униформите на Армијата која од тој момент стана Армија на Република Северна Македонија.

Два дена подоцна Шекеринска изјави дека новите униформи ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Уредбата на претседателот.

Во Преспанскиот договор имаме одреден период на транзација и никој не очекува работите да се променат преку ноќ – најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на прашање кога може да се очекува да бидат заменети ознаките и да се набават нови унформи за Армијата.

Очигледно, во тој период на транзиција Шекеринска нашла поинаков начин како да не го гледа името Македонија на униформите на македонските војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.