Потпаролот на Владата Миле Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање кои споменици ќе бидат преименувани и означени како споменици од античка Грција, рече дека ќе биде формирана комисија која ќе има шест месеци за да утврди кои споменици од античка Македонија ќе се преименуваат и ќе бидат дел од хеленската историја.

Комисија ќе изврши контрола на спомениците во рок од шест месеци, а дел од оние кои се наоѓаат во центарот на Скопје ќе добијат нов назив, како што на пример е „Воинот на коњ“ ќе биде поставена табла на која ќе пишува „Александар Македонски“ и ќе пишува дека припаѓа на хеленската (грчката античка) историја, рече Божњаковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.