Водачот на турската мафија во ноември се сретнал со градоначалникот на општината Маврово и Ростуше.

Контроверзниот бизнисмен од Турција Седат Пекер на кого МВР му издало македонска лична карта со украден идентитет на лицето Џадин Амедовски во Македонија иако протеран од земјава се среќавал со градоначалници од власта.

Водачот на турската мафија во месец ноември се сретнал со градоначалникот на општината Маврово и Ростуше.

Општината за средбата објавила и на својата Фејсбук страница каде пишуваат дека градоначалникот Медат Куртовски одржал работна средба со турскиот бизнисмен.

Турскиот бизнисмен дури доделил и неколку лаптопи за ученици на кои им се најпотребни за следење на онлајн настава.

Кој е Седат Пекер?

Медиумите во Турција го опишуваат како водач на турската мафија, суден за убиства, државен преврат. Припадник на струјата на Гуленистите, и моментално во егзил од Турција.

На Пекер му се судело за убиство на шверцерот со дрога Абдула Топчу, но бил ослободен од обвинението. Двајцата други обвинети во истиот случај, кои наводно работеле за него, беа осудени на доживотен затвор.

По ова, тој избегал во Романија и бил баран, меѓудругото, за рекет, принуда и поттикнување убиство.

На 12 мај 2005 година бил уапсен за време на операцијата „Пеперутка“ во Турција. На 31 јануари 2007 година бил прогласен за виновен за градење и водење на криминална организација, грабеж, фалсификат и осуден на 14 години и 5 месеци затвор.

Пекер е обвинет и дел е од аферата за соборување на Ердоган, за што е осуден на 10-годишна затворска казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.