ВМРО-ДПМНЕ под мотото „30 години се грижиме за Македонија“, денес во Битола ќе го одбележи јубилејот од независноста на Република Македонија.

„30 години се грижиме за Македонија“ опфаќа повеќе активности од граѓански карактер и се во насока на вистинско народно одбележување на јубилејот од независноста.

Одбележувањето ќе започне со трибина „30 години се грижиме за Македонија“ во 12 часот на отворената тераса во хотелот Епинал. На трибината учество ќе земат видни личности од политичкиот живот во изминатите 30 години:

Министерот во првата македонска влада Мартин Тренески

Поранешниот потпретседател на Влада, амбасадорот Маријан Ѓорчев

Поранешниот претседател на ЗЕЛС, пратеникот и градоначалник Коце Трајановски

Поранешниот премиер, министерот и пратеник Емил Димитриев

Првиот градоначалник на општина Битола Златко Милошески

Модератор на трибината „30 години се грижиме за Македонија“ ќе биде Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Централната прослава „30 години се грижиме за Македонија“ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола, каде пригоден говор пред присутните ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.