Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг заедно со амбасадорите на сите земји членки на Алијансата претпладнево со највисоки државни и воени почести е пречекан на платото пред Владата на Република Македонија по што се очекува да има средба со премиерот Зоран Заев.

Предвидена е и заедничка прес-конференција на премиерот Заев и генералниот секретар на НАТО која ќе се одржи по завршување на работниот дел на Северноатлантскиот совет со Комитетот за интеграција на Македонија во НАТО и претставници на Влада.

Во текот на денот, Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет ќе бидат примени и од претседателот Стево Пендаровски.

Столтенберг во Македонја пристигна вчера попладне, а вчерта присуствуваше на прием во Собрнието што го организираше собранискиот спикер Талат Џафери. Оттаму, генералниот секретар на НАТО порач дека со „нетрпение ја очекуваат Северна Македонија како 30-та членка на Северноатланстаката алијанса“.

Наскоро, кога процесот на вашето пристапување ќе биде завршен, со нетрпение ќе ја пречекам Северна Македонија како триесеттата членка на нашата Алијанса. И да го видам вашето знаме развеано пред нашето седиште во Брисел, како и во нашите мисии и операции насекаде низ светот, рече Столтенберг.

Ова е прва посета на Столтенеберг и високите претставници на НАТО на Скопје по потпишувањето на протоколот за членство на земјата во Алијансата. Од февруари кога е потпишан Пристапниот протокол за членство на земјава во НАТО, досега го имаат ратификувано 14 земји – членки. Очекувањата се во јуни да влезе во процедура и во САД и да заврши оваа есен. Ратификацискиот процес, заеднички оценуваат надлежните, може да заврши и пред Самитот на Алијансата закажан во декември во Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.