Собранието ја започна 112. седница со единствена точка на дневен ред разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор и осомничена за случајот „Рекет“.

Јанева може да биде разрешена доколку по предлогот гласааат најмалку 80 пратеници ЗА. На седницата се присутни 99 пратеници, а за единствената точка на дневниот ред гласаа 91.

 

На 5 септември, Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши Јанева. Одлуката беше донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење.

На пленарната седница нема да се расправа за извештајот на Советот на ЈО, туку само за предлогот за разрешување. Одлуката се носи со двотретинско мнозинство и со т.н. Бадентерово гласање, а на крајот треба да ја потврди и Советот на обвинители.

Во материјалите поставени на веб-страницата на Собранието, а во врска со разрешувањето на Јанева, покрај заклучокот на Комисијата по кој пратениците треба да расправаат, се поставени и согласност од четирите политички партии со најголем број пратеници СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса на Албанците.

Јанева во моментов е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.