Со зурли и тапани се слави пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во прв круг на кандидатите за градоначалници и на партиските совети.

Победа во прв круг опозициската партијата доби во: Прилеп, Кисела Вода, Василево, Кавадарци, Босилово, Кратово, Сопиште, Градско, Новаци, Виница, Пехчево, Могила, Петровец, Карбинци, Илинден и Јагуновце.

Во останатите, најголем дел од општините, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат водство пред противникот.

Во овој момент водство ВМРО-ДПМНЕ има во Велес, Битола, Штип, Охрид, Кичево, Свети Николе, Аеродром, Ѓорче Петров, Гази Баба и Бутел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.