Промоција на кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Свети Николе Дејан Владев.

Што ќе го подобри животот на светиниколчани? Што очекуваат граѓаните од идниот градоначалник? Дејан Владев, светиниколчанец, кој целиот професионален и политички ангажман го остварува во Свети Николе.

Во последните години сите граѓани на Свети Николе почувствуваа стагнација на секое поле. Во 2017 година кога оваа локална гарнитура предводена од СДСМ дојде на власт ветуваше многу проекти, да не кажам и мегаломански, на коишто, да речам, наседнаа граѓаните. Но овие 4 години сме сведоци дека 85 проценти од неговата изборна програма останаа нерелизирани. И тоа малку што го имаше направено беа проекти оставени од претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа, како актуелен претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе, долгогодишен член и активист и вработен во Центарот за вработување во градот, сум во постојан контакт со граѓаните, со приватниот сектор, со пазарџиите, со малите бизнисмени, со селаните… Сите граѓани ги тиштат проблемите на општина Свети Николе. Поради тоа заедно со мојот тим којшто ќе биде идна локална власт во Свети Николе донесовме одлука да го подобриме животот во Свети Николе. Нема да ветуваме мелагомански проекти и ќе се задржиме на оние основни работи кои ги тиштат нашите сограѓани, рече Владев во денешото интервју за Република.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.