Денеска во Кривичниот суд ќе бидат изречени пресуди за случајот на т.н организатори на настаните од „27 април“.По речиси две години рочишта, одбраната на обвинетите Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски и Спир Ристевски ги сруши сите наводи на обвинението и на обвинителството.

Поради тоа, обвинителката Вилма Русковска во последен момент го смени обвинението и сакаше да ги направи организатори и на протестите пред Собранието што реално никако не можат да бидат бидејќи протестите си имаа уредно пријавени организатори.

Одбраната го порази обвинителството токму со аргументи, контра-аргументи, докази и контра-докази, како вербални, така и материјални.

Затоа, судот има златна можност токму на ова судење за „27 април“ конечно да се ослободи од стегите и на обвинителството и на политиката, и конечно да манифестира самостојност и независност во одлучувањето

Ќе видиме дали тоа ќе го манифестира и на дело!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.