ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува нов протестен марш во центарот на Скопје, но овој пат на друга рута – до Министерството за информатичко општество и администрација и на поинаква тема – против реваншизам и терор врз граѓаните и политичките неистомисленици.

Собирно место за протестниот марш, што почна во 18.30 часот, повторно е Министерствто за правда.

Според ВМРО ДПМНЕ, Македонија е заробена држава од страна на мафијата на власт, а главна одлика на власта се реваншизмот и теророт врз сите граѓани, нивни неистомисленици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.