Во Собранието почна средбата на премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски со лидерите на парламентарните политички партии, на која треба да се разговара за европскиот пат на земјава, како и за одлуките што во иднина треба да се носат со широк политички и општествен консензус.

– Средбата која ја свикува претседателот на Владата, се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус, соопшти Владата во најавата за свикување на средбата на 2 ноември.

На средбата присуствуваат лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ДОМ Маја Морачанин, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на Алтернатива Африм Гаши, на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, на ДПА Мендух Тачи. На средбата не присуствуваат лидерите на Левица Димитар Апасиев и на Беса Биљал Касами.

Пред средбата изјави дадоа лидерот на ДПА Мендух Тачи, на ДОМ Маја Морачанин, на Демократскиот сојуз Павле Трајанов и на Алтернатива Африм Гаши.

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, посочи дека на лидерската средба ќе го отвори прашањето за предвремени избори или влада со сите политички партии во неа. Според него, најважно прашање на кое ќе се дискутира ќе биде вклучување на Бугарите во Уставот, што би поддржале, само доколку Македонците бидат признаени во Бугарија.

Ќе побарам прва точка за која ќе се разговара да биде упатување силна порака до Бугарија, политичкиот врв таму, да ги признаат Македонците како национална припадност и да ги остваруваат своите права. Да формираат клубови, асоцијации, како политички партии преку кои ќе ги негуваат своите обележја кои ја карактеризираат нацијата. Ова прашање ќе го покренам и ќе барам консензус. Досега, никој од врвот не го покренува ова прашање. Уште помалку МНР. Никој не бара Македонците да ги добијат своите права, како што ги имаат Бугарите. Ќе побарам сите креативни кадри да бидат вклучени во процесот на скрининг, за формално почнување на преговорите со ЕУ – кажа Трајанов.

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин очекува денешната лидерска средба да биде конструктивна.

-Очекувам да имаме комуникативна дискусија, бидејќи сите партии јасно се декларираат дека се проевропски, односно дека во нивните програмски цели е членството на Македонија во ЕУ. Не очекувам дека денеска ќе се постигне договор, имајќи ги во предвид изјавите од опозицијата дека тие бараат дополнителни гаранции за промена на Уставот, но добро е да заеднички да разговараме за стратешки прашања важни за државата и народот. Не знам кои се гаранциите кои опозицијата ги бара, па потоа можеме да дискутираме кој може тоа да го обезбеди, рече Морачанин пред влегувањето на закажаната лидерска средба во Собранието.

Движењето БЕСА нема да учествува на денешната лидерска средба бидејќи сметаме дека оваа средба е свикана за да се спаси ДУИ од одговорностите“, рече Касами и додаде дека и движењето БЕСА е за уставни измени и дека ќе бара во овие измени еднаш засекогаш да се вклучи и реши прашањето со формулацијата – 20 проценти.

Средбата која ја свикува претседателот на Владата, се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус. Поканата до претседателите на парламентарните политички партии ќе биде испратена во текот на утрешниот ден, соопшти Владата во најавата за свикување на средбата на 2 ноември.
Премиерот Ковачевски изјави дека лидерската средба ја свикал со цел сите политички партии кои се застапени во Парламентот заедно да разговараат за европската иднина на државата и за сите одлуки коишто треба да бидат доносени во еден широк, општествен и политички консензус.

По средбата изјава ќе даде премиерот Ковачевски, која може да ја проследите на овој линк:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.