Ковид-предлог мерките за вработените во јавната администрација и во локалната самоуправа ќе се разгледуваат в понеделник на состанок на Главниот координативен кризен – штаб, а веќе во вторник би се нашле на владина седница, најави министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на Алсат телевизија во емисијата „360 степени“.

Мерките предвидуваат задолжителна вакцинација на здравствените работници, а за целиот јавен сектор најмалку една доза вакцина, ПЦР-тест или потврда за прележан ковид, што според повеќе синдикални организации е противуставно и обид за присилно спроведување вакцинација.

Министерот Филипче вели дека нема отстапување од мерките, оти болниците се преполни главно со невакцинирани пациенти. Тој, сепак, призна дека се уште не е прецизирано како ќе се одвива контролата на вработените во јавниот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.