Адвокатите деновиве поминуваат низ вистинска голгота. Во време на прогласена вонредна состојба во суд на еден шалтер се даваат информации дали денеска ке има рочиште или не. Пред судот гужва, а во овој период не е препорачано голема група луѓе да бидат на исто место.

Информациите ги добиваме на шалтер. Еден шалтер работи и треба да имаш број на предмет, па да ти кажат дали ќе има рочиште. Од пола судии има предмети, од пола нема. Утрово се обидов, но немав броеви на предмети и не успеав, изјави за „Република“ адвокатот Еленко Миланов.

Адвокатите прво поминувале на детектор, па на шалтерот за информации со лична карта и на крајот тука ја добиваат информацијата дали ќе има денеска рочиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.