Во време на криза предизвикана од корона вирусот, државна институција набавува компјутери во вредност од над 3 милиони евра.

На Бирото ја јавни набавки е отворена постапка за набавка на лаптоп компјутери во вредност од 190.000.000,00 денари и тоа без ДДВ. Како место на испорака е наведен Државниот завод за статистика.

Нејасно е зошто во период кога власта бара кратење на плати, се одлучува за набавка на компјутери за Заводот за статистика, и за што тие ќе бидат искористени?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.