Во Велешката болница се хоспитализирани вкупно 76 пациенти, од кои 64 се потврдени позитивни на Ковид 19, пет се сомнителни и седум со негативни тестови. Пациенти освен на инфективното одделение се примаат и на Физикална и на Интерно, а слободни кревети има по некој.

Портпаролката на болницата д-р Весна Николовска Неделкова информира дека 49 пациенти се сместени на Инфективно одделение, 16 на Физикална и 11 на Интерно одделение. Од хоспитализираните 27 се на кислородна пддршка. На сите три одделенија, како што вели таа, има по некој слободен кревет

Во велешката болница, како што информира Николовска-Неделкова, вчера вечерта починала пациентка од Свети Николе на 56-годишна возраст потврдена позитивна. Утринава една пациентка на 73 години од Велес, потврдена позитивна била префрлена на Клиника за нефрологија во Скопје поради влошена бубрежна болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.