Поради два ученика позитивни на ковид-19 во велешката гимназија „Кочо Рацин“ во изолација се ставени учениците од две паралелки. Од изолација се изоставени учениците кои биле вакцинирани, информира на денеска градоначалникот Аце Коцевски.

Во ССОУ „Коле Неделковски“ позитивен на коронавирусот е еден ученик, а поради изведување на градежни работи во училиштето наставата во првите три дена беше на отворено. Позитивна на коронавирусот е и една директорка на средно велешко училиште. Во едно општинско училиште во велешките села инфицирани се директорот и педагогот.

Во ООУ „Кирил и Методиј“ во Велес во изолација се две деца, од ООУ „Васил Главинов“ позитивен е еден наставник и три ученика, а четири се во изолација.

Во ООУ „Блаже Конески“ еден наставник е во изолација, три ученика се позитивни и четири се во изолација.

Позитивен на коронавирусот е и психолог во едно основно училиште во велешко село.

Во детските градинки „Димче Мирчев“ позитивно е едно лице од техничкиот персонал.

Во ООУ „Панко Брашнаров” нема, а нема ни во и во ООУ „Лирија” во Бузалково. Во средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ нема.

На новинарско прашање на МИА како ќе се постапува за смирување на состојбите со ковид-19 во училиштата, градоначалникот појасни дека ќе се постапува строго според протоколот кој е усвоен од Комисијата за заштита од заразни болести.

– Доколку е нужно ќе одат во изолација ученици или одделенија, меѓутоа во принцип ставот е дека сѐ додека тоа можно и безбедно наставата да се одвива во живо, појасни Коцевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.