Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави претседателски декрет со денешен датум, со кој од должноста се разрешуваат амбасадорите на Турција во 15 земји, меѓу кои и во Македонија, објави „Хуриет Дејли Њуз“.

Според декретот, сите разрешени амбасадори, меѓу кои и амбасадорката во земјава Тулин Еркал Кара, ќе бидат прераспоредени на должности во турското Министерство за надворешни работи, а на нивните места ќе бидат именувани нови дипломатски претставници.

Весникот наведува дека покрај амбасадорката во земјава, сменети се и амбасадорите на Турција во Алжир, Бангладеш, Белорусија, Виетнам, Гамбија, Гватемала, Доминиканската Република, Естонија, Јордан, Казахстан, Туркменистан, Чад, Чиле и Шри Ланка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.