Во тетовскиот регион денеска има рекордни 35 нови позитивни случаи на корона вирус.

Голем дел од нив, односно 26 од заразените се од Тетово, по четири има во руралните општини Боговиње и Брвеница и еден заразен е евидентиран во Јегуновце.

Од Кризниот штаб на Општина Тетово, велат дека засега состојбата е стабилна, ако се земе предвид дека болничките капацитети не се исполнети како во другите градови.

Инаку во тетовско освен голем број на заразени со Ковид-19, секојдневно се евидентираат и смртни случаи како последица на вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.