Во одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје во Тетово големиот број позитивни случаи на Ковид-19 го објаснуваат со интензивното тестирање но и поради не почитување на мерките и препораките за заштита во пандемија.

Епидемиологот д-р Сузана Субашиќ вели дека се следат два кластери во две семејства од каде има поголем број на заболени поради коронавирусот.

Пандемијата не е завршена, вирусот не е победен, зголемувањето на бројката на случаевите се должи на непочитување на мерки и препораки. Зошто има Тетово поголем број од другите останати градови, затоа што се врши тестирање и има позитивни резултати. Потоа се тестираат контакти на позитивни и тоа придонесува случаите да бидат откриени и бројката зголемени. Имаме два кластери, едниот е фамилијарен кластер, лица од исто семејство. Првиот позитивен случај ги заразил и останатите осум членови во семејството, а вториот кластер е што се провлекува од свадба од минатата недела, објасни д-р Субашиќ на денешната средба со новинарите. 

Според неа има заболени и со симптоми, но и асимптоматски.

За разлика од минатиот бран што ни беше во март и април, сега за сега од овие случаи кои се епидемиолошки обработени клиничката слика е полесна за разлика од март и април бидејќи во тетовската болница ние немаме хоспитализирани лица на инфективно одделение. Во фаза сме на типизација на геномот на вирусот што ни се шири низ тетовски регион.  Не се прошири од тие две лица со делта сој кои беа случајно тестирани во една од приватни лаборатории во државата и таму се типизирани. Останатите членови на најблиското семејство сите излегоа негативни и беа асимптоматски, потенцира докторката.

Епидемиолозите во Тетово и понатаму се соочуват со несовесноста кај граѓаните кои не ги кажуваат контактите.

Тоа е проблем втора година, одговорноста е индувидуална. Народот треба да е свесен да ги каже контактите, да не се шири паденмијата. Ако се почитуваат протоколите не гледам опасност за ширење и појава на ново инфицирани случаеви. Како што знаете на семејни настани и прослави, од било кој тип да се треба да присуствуваат лица кои се вакцинирани или го прележале ковидот. Мерка има и препорака за носење маска во затворен простор и треба да се носи и на отворено каде има поголеми групи на луѓе, повтори д-р Сузана Субашиќ.

Во периодов кога голем број градови немаат активни случаи со заболени поради коронавирусот, во Тетово достигнаа 65. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.