Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека се во тек конкурсите за доделување стипендии за постдипломски студии.

Планирани се 50 стипендии со месечна висина на средствата од 9.000 денари за девет месеци во годината за природно-математичките науки (биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика) и техничко-технолошките науки (електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство).

Постапката за аплицирање е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што се поедноставува начинот на остварување на правото.

Кандидатите кои немаат можност да аплицираат електронски, ќе може да потполнат хартиена пријава и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.