Владејачката СДСМ во пресрет на предвремените парламентарни избори во април, започнува со бескрупулозна кампања во којашто се злоупотребуваат и државните институции, објави Нетпрес.

Премиерот Зоран Заев и неговите социјалдемократски министри многу се фалат дека сториле за департизација на државните институции. Меѓутоа, покрај партиските вработувања на клучните позиции во јавната администрација и органите на управа на проверени партиски кадри и епидемијата од непотизам кои ги демантираат, СДСМ во последно време врши брутален притисок врз службениците во јавната администрација.

Еден од таквите примери е партиски материјал на СДСМ за општината Ѓорче Петров е изложен во ходникот на СВР Скопје, каде што е седиштето на службата 192 и полициската команда за целото подрачје на Град Скопје.


Извор: Нетпрес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.