Родителите на децата кои и оваа учебна година настава ќе треба да ја следат во стариот објект на Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга револтирани пред почетокот на учебната година, бидејќи новиот објект кој е донација на турската општина Бујикчемеџи се уште не е готов, а почна да се гради во летото 2015 година. Тие велат дека се подготвени да ја бојкотираат наставата и да не ги пуштаат децата на училиште, објави Алсат.

И покрај тоа што општината излезе со изјава на 19 јули дека работите ќе финишираат до 25 август и дека децата ќе почнат со настава во новиот објект, од сето тоа нема ништо. Останува децата и понатаму да учат во ова училиште кое е куќа на стравот и ужасот, реагира еден родител.

Децата минатата година учеле во ужасни услови. Родителите сведочат дека цела зима децата се грееле со водени дрва, сите биле болни…

Имаше ситуации кога родителите од дома носеа дрва за да можат да се греат децата во зимскиот период. Неколку пати имаше и зарази.Се појави и шуга, што е недозволиво во 21 век да се појави таква болест. Се појавија и вошки од таа нечистотија во самиот објект, реагираат родителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.