Министерот за здравством Венко Филипче, во интервју за Радио Слобода Европа, соопшти дека не се планира давање дозвола за училиштата во Скопје да одржуваат настава со физичко присуство за повисоките одделенија.

Има училишта, да дадам пример, кои имаат по 5-10 ученици во еден клас, тука се обединуваат ученици од прво до четврто одделение. Некаде над 300 училишта во нашата држава се такви, меѓутоа тоа ќе биде со дозвола на Комисијата за заразни болести, ако епидемиолошката ситуација во таа општина тоа го дозволува. Само тие коишто имаат мала бројка на ученици, односно конкретно да ви одговорам. Доколку училиштето е во Скопје и сака да направи исклучок и аплицира за дозвола да бидат физички присутни и учениците од четврто и петто одделение од почетокот на октомври, ние нема да го дозволиме тоа – изјави Филипче.

Од Министерството за образование пак, велат дека владината комисијата ќе одлучи кое училиште ги исполнува условите согласно протоколите донесени од Владата.

Претходно, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и министерката за образование Мила Царовска, информираа дека Општините до 10 септември треба да достават одговор до МОН за моделот на настава во нивните училишта и да побараат евентуално настава со физичко присуство, а МОН и владината комисија ќе дадат одобрение, доколку ги исполнуваат условите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.