Медицински сестри и лекари од сите здравствени домови од Истокот ќе ја спроведат масовната вакцинација во Штип, што ќе биде еден од регионалните центри во државата.

Општина Штип ќе пружа логистичка подршка. Ќе го одбележи просторот и ќе помогне во паркирањето на граѓаните кои ќе дојдат да се вакцинираат. Ќе бидат вклучени и волонтери на Црвениот крст.

Салата „Јордан Мијалков“ во штипската населба Сењак ќе биде просторот каде ќе се вакцинира. Пунктовите треба да бидат поставени до сабота. Другите подготовки се веќе завршени. Според првите проценки дневно ќе може да се имунизираат од 1.500 до 1.800 граѓани.

Иако се уште не прецизно утврдено, веројатно освен жителите на 11-те општини од источниот регион, во Штип за вакцинација ќе доаѓаат и граѓаните од Струмица, додека оние од Валандово и Гевгелија ќе се вакцинираат на пунктовите во Кавадарци. Регионални центри за вакцинација ќе има и во Охрид, Куманово, Битола и Тетово.

Почнати се обуките за медицинските тимови, монитиран е и посебен фрижидер за вакцините на Фајзер, така што ќе бидеме поготвени кога ќе стартува масовната вакцинација на населението“ – вели Снежана Трајковска, директор на Здравствен дом – Штип.

Паралелно со подготовките тече и вакцинацијата во здравствените домови на постарите лица.

Освен со „АстраЗенека“ граѓаните над 70 години ќе почнат да се вакцинираат и со кинеската „Синофарм“, што во државата стигна како донација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.